Ластовици
В зори пискаат ластовиците
птици врз кои ноќта и денот се делат,
ние сме брзи совалки—пискаат—
што ткаеме нејасна преѓа на тајната
самракот ни е нашата стихија
и сè што е миговен допир на граница.
Водата со воздухот како ги порабуваме
сте нè гледале,
но нема в небо никаква трага од нашата работа.
Така пискаат ластовиците.
Structure
10 lines · 1 stanza