Now reading
Ластовици
В зори пискаат ластовиците птици врз кои ноќта и денот се делат, ние сме брзи совалки—пискаат— што ткаеме нејасна преѓа на тајната самракот ни е нашата стихија и сè што е миговен допир на граница. Водата со воздухот како ги порабуваме сте нè гледале, но нема в небо никаква трага од нашата работа. Така пискаат ластовиците.